Македонија во 1991 г. кога Грција се спротивставува на употребата на името Македонија од
страна на Република Македонија, повикувајќи се на историски и територијални причини.
Грција тогаш смета дека има ексклузивно право да го употребува името за својата
провинција Македонија и нејзините жители.
Иако Македонија, според Арбитражната комисија за поранешна Југославија, ги исполни
условите за признавање на независноста (заедно со Словенија), Грција го блокира
признавањето од страна на Европската Унија (ЕУ), како и приемот во Организацијата на
Обединетите нации (ООН). На 27 јуни 1992 г., ЕУ (тогаш ЕЕЗ) под влијание на Грција во т.н.
Лисабонска декларација понудила признавање „под име кои нема да го содржи зборот
Македонија“. Покрај тоа, Грција во периодот 1992-1995 г. на двапати ја блокира грчко-
македонската граница за каква било трговија, со цел да се изврши притисок врз Република
Македонија. Во декември 1992 г. ООН воспостави, меѓу другите земји на поранешна
Југославија и во Македонија, превентивна безбедносна мисија УНПРОФОР, која во 1995 г. е
заменета со УНПРЕДЕП, која мандатот го завршува во 1999 г.
Грција изразила загриженост дека членовите 3 и 49 од Уставот на Македонија
поттикнуваат територијални претензии. Со цел да се намали загриженоста од можни
територијални претензии, на 6 јануари 1992 г. Собранието на Македонија ги донесува
амандманите I и II на Уставот со кои се изменуваат и дополнуваат членовите 3 и 49. На 7
април 1993 г., Советот за безбедност на ООН со Резолуцијата 817 одобри прием на
Македонија во Обединетите нации, со препорака за државата да се употребува привремена
референца „поранешната Југословенска Република Македонија“ за сите цели во рамките на
ООН, сè до решавањето на разликите околу името. Генералното собрание со Резолуцијата
225 на 8 април 1993 г. ја прими Македонија како 181 членка на ООН. Привремената
референца која е одраз на минатото на Македонија, започнува со мали букви, бидејќи не е
име, туку описен поим и референцата не е меѓународно име, туку е во употреба само во
ООН. За да се потврди тоа Македонија добива место за седење во ООН по буквата „т“ од
„the former ...“.
На 18 јуни 1993 г. Советот за безбедност донесува Резолуцијата 845 со која се бара
забрзување на решавањето на разликите, а генералниот секретар го именува Сајрус Венс
за специјален претставник до 1995 г., од 1995 г. до денес оваа функција ја има Метју Нимиц.
На 13 септември 1995 г. Грција и Македонија склучија Времена спогодба, со која двете
страни се согласуваат: Македонија да гарантира дека во преамбулата и во членовите 3 и 49
од Уставот нема територијални претензии и да го смени националното знаме (со сонцето од
Вергина), Грција да не го блокира приемот на Македонија во меѓународни организации, а
страните да ги продолжат разговорите за разликите под покровителство на ООН.
Од 1995 г. до 2008 г. посредникот Метју Нимиц предлага повеќе можни решенија кои се
неприфатливи за една од двете страни. Спорот за името Македонија (ставови на јавноста во Македонија)
II.2. Непоканувањето во НАТО и непочнување преговори за членство во ЕУ
На 3 април 2008 г. на Самитот на Северноатлантската алијанса (НАТО) во Букурешт,
Македонија не доби покана за членство, иако е поддржана од САД, поради неможноста да
се најде решение за спорот за името.
Есента 2008 г., Македонија започна процес пред Меѓународниот суд на правдата за
кршење на обврските од Времената спогодба од страна на Грција, односно за наводно
блокирање на приемот на Македонија во НАТО. Одлуката на судот се очекува во 2011/12
година.
Во 2009 г. Македонија од ЕК доби препорака за отворање преговори за членство во ЕУ,
но истовремено се бара „договорено и взаемно прифатливо решение за прашањето на
името, под покровителство на ООН, останува есенцијално“. За Македонија во 2009 и 2010 г.
не се одредува датум за отворање на преговорите.
II.3. Сегашна состојба во спорот, позициите на Грција и Македонија
Македонија е примена под времената референца во сите меѓународни организации.
Над 130 земји ја признаваат Македонија како „Република Македонија“, вклучувајќи и четири
од пет постојани членки на ООН (со исклучок на Франција), а многу држави не ја
употребуваат времената референца, додека еден дел немаат позиција/ интерес за ова
прашање.
Оттука произлегува дека постоечката позиција е времена референца за
меѓународните организации, а во меѓувладините службени билатерални односи повеќе
земји го прифаќаат името Република Македонија, а дел ја користат времената референца.
Во разговорите водени под покровителство на ООН со посредништво на Метју Нимиц,
повеќепати се разговарани различни можни решенија, но без успех. Според неформални
извори, последниот предлог од 2008 г. е Република Македонија да остане службено име
во Уставот (на македонски јазик), името на земјата во сите меѓународни организации (т.е.
ОН, ЕУ, НАТО) да биде „Република Северна Македонија“; Советот за безбедност да
предложи во меѓувладините службени односи со трети земји да се употребува името
„Република Северна Македонија“. Името „Македонија“ само по себе не може да се користи
од која било од двете страни како службено име на земјата или регионот, двете страни на
неексклузивна основа за неслужбени цели може да употребуваат „Македонија“ и
„македонски“. На пасошите се испишани двете имиња: Република Северна Македонија на
англиски и француски јазик и Република Македонија на македонски јазик. Овој предлог може
да се толкува како предлог кој натежнува кон име за меѓународна употреба. Натежнува,
бидејќи покрај во меѓународните организации треба да се употребува и во билатералните
односи, но иако Советот за безбедност може да препорача примена во билатералните
односи, секоја земја има суверено право да одлучи под кое име ќе воспостави дипломатски
односи1
Во 2009/11 година со повеќе средби на премиерите на Грција и на Македонија,
Папандреу и Груевски, се прават напори за доближување на ставовите на двете земји околу
разликите за името.
.
Позицијата на Грција од „едно име кое нема да го содржи зборот Македонија“ за сите
употреби, еволуира во „едно име кое ќе го содржи зборот Македонија и географска
одредница“ за сите употреби. Позицијата „erga omnes“ или за сите употреби се употребува
двозначно за „сите меѓународни употреби“, вклучувајќи го пасошот, или пак за „сите
употреби“, вклучувајќи внатрешна употреба. Грција во неколку прилики го одбила предлогот
Република Македонија (Скопје) за меѓународна употреба.
Позицијата на Македонија за спорот е решение кое нема да го промени Уставот на
Македонија со цел промена на уставното име и нема да го загрози македонскиот
национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик и граѓаните
(со мнозинство) да се согласат со можното решение на референдум.
Кое е вашето мислење во однос на спорот со името, а воедно дали сте за или против негова промена?

No comments:
Post a Comment